Време е француската страна да престане со применување на методот „мегафонска дипломатија“ со користење на медиумите и конечно да се реши во врска со испораката на „Мистралите“ на Русија, изјави Александар Лукашевич, официјален претставник на Министерството за надворешни работи на Русија.
„Знаете, ситуацијата е релативно едноставна: постои договор кој треба да се исполни, и согласно договорот веќе е уплатена значајна сума пари“, изјави Лукашевич на брифингот во Москва, а пренесува РИА „Новости“.
„Ако француската страна сега има некои нови варијанти, за тоа треба да се разговара, а не да се користат методите ‘дипломатија преку мегафон’, особено со користење на медиумите“, истакна Лукашевич.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче