Украинските власти уште во март најавија излегување на Украина од Заедницата на независни држави (ЗНД), но тоа прашање Киев воопшто не го поставува на дневен ред, изјави Сергеј Гриневецки, член на Врховната рада и шеф на постојаната делегација во парламентарното собрание на ЗНД.
„Министерството за економија смета дека напуштањето на ЗНД од гледна точка на економските интереси на Украина е неразумно, бидејќи ЗНД не ја сочинува само Русија. После тоа ова прашање воопшто не се разгледува“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на Гриневецки.
Валериј Пјатницки, кој е поставен за вршител на должноста министер за економија, потврди дека нема никакво помрднување во тој процес. „Ние продолжување со соработката со Заедницата во рамките на зоната за слободна трговија во ЗНД“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче