Италијанскиот регион Венето планира да поднесе жалба за европските санкции против Русија за да ги заштити интересите на италијанските компании. Ова во саботата го изјави гувернерот на Венето, Лука Цаја, а пренесува ИТАР-ТАСС.
„Венето ќе преземе мерки и ќе поднесе жалба за трговското ембарго воведено против Русија како одговор за случувањата во Украина. Во нашата област работат 160.000 земјоделски претпријатија со вкупен промет од 6 милијарди евра годишно. Ние сме втор италијански регион според обемот на земјоделско производство и заслужуваме да имаме перспективен пазар како што е Русија“, изјави Цаја.
Тој прецизираше дека за неколку дена регионалната администрација ќе одреди конкретни мерки. „Воведувањето санкции, кое Европа го наметна на Италија, нанесува штета на целиот земјоделски сектор, и поради тоа сакаме да излеземе од тој круг“, заклучи Цаја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.