Проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ не е прекинат, тој се реализира и покрај тешкотиите кои се јавуваат, изјави за новинарите во Калининград министерот за енергетика на Русија, Александар Новак.
Министерот во Калининград одржува состанок околу прашањето за подготовка на електроенергетскиот систем за есенско-зимскиот период во Северо-Западниот федерален округ.
„Проектот не е прекинат, договорите меѓу владите се потпишани и никој не ги укинал. Има определени проблеми со тоа што работната група на Европската комисија засега ја прекина работата за создавање механизми за експлоатација на гасоводот, и се надеваме дека при создавањето на новиот состав на Европската комисија тоа ќе го возобновиме“, изјави Новак.
Гаспром го реализира проектот за изградба на гасоводот преку водите на Црното море во државите на Јужна и Централна Европа заради диверзификација на маршрутите на извоз на гас. Изградбата започна на 7 декември 2012 година. Првите испораки во Европа беше планирано да пристигнат во 2016 година.
Европската комисија се обидува да го блокира проектот, аргументирајќи дека тој не одговара на нормите на третиот енергетски пакет на ЕК.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче