Претседателот на Украина, Петро Порошенко изјави дека сака англискиот статус да има официјален статус во државата, а не рускиот.
„Ајде да позборуваме не за статусот на рускиот, туку за посебниот статус на англискиот – таа дискусија би била поконструктивна и правилна“, изјави Порошенко за време на работната посета во Лавов.
Според неговите зборови, „втор јазик, задолжителен за изучување во училиштата и факултетите треба да биде англискиот, никако рускиот“.
Исто така, претседателот смета дека англискиот треба да биде задолжителен за сите чиновници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.