Италијанските фармери ги чувствуваат негативните последици од политичката ситуацијата и несогласувања меѓу Европската унија и Русија поради украинската криза, а надежите на земјоделците за подобри услови и можности да го развиваат своето стопанство полека исчезнуваат, пишува Ројтерс.
„Овие политички решенија не треба да се одразат на животите на обичните луѓе. Имено ние, фармерите, треба да платиме за оваа ситуација“, изјави Фабио Ламбертини, 25-годишен фармер за Ројтерс.
Италијанските фармери се обидуваат да се прилагодат на ситуацијата и да започнат со садење други култури, но тоа е тешко, бидејќи потребен е голем период додека некои растенија започнат со давање плодови кои можат да се продадат.
Минатата година Италија продала во Русија производи во вредност од 706 милиони евра, од кои дури 10-15% од обемот на сите круши кои доаѓаат во Русија, пишува Ројтерс.
„Поради санкциите, одредени произведувачи од Холандија и Шпанија сега ги извезуваат своите производи во оние европски земји, каде претходно доминираше Италија“, пренесува агенцијата. На тој начин, европските држави започнаа да конкурираат меѓу себе во внатрешниот пазар на ЕУ, пренесува агенцијата.
Повеќе околу темата:
САД и ЕУ самите се казнија со воведување санкции против нафтениот сектор
Земјоделските претпријатија со зголемена вредност
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче