Обидите на САД да го реализираат проектот „Патот на свилата“, кој според очекувањата на американските политичари, може да помогне да се развие економијата на Авганистан, демонстрира недостаток на далековидност и нема да ги донесе посакуваните резултати, пишува списанието The Foreign Policy.
„Новиот ‘Пат на свилата’ е идеја на САД која се реализира да се пополни останатиот празен простор од руските и кинеските интеграциски проекти“, ги пренесува списанието зборовите на Лик Анцеши од универзитетот во Глазгов.
Американските власти веќе неколку години ги демонстрираат плановите за „соединување“ на Централна и Југо-Источна Азија преку Авганистан, и неодамнешните изјави на заменикот на генералниот државен секретар Вилијам Барнс покажуваат дека судбината на Авганистан е директно поврзана со неговата соработка со соседните држави. Сепак, американскиот интеграциски проект ќе треба да се судри со многу пречки, забележува изданието.
САД задоцнија, бидејќи руските и кинеските сојузи се развиваат далеку поуспешно. Казахстан, најсилниот и голем играч во регионот, веќе влезе во Царинската унија, а понатаму и во Евроазиската унија. Киргистан се стреми кон тоа. Кина е најголем странски инвеститор во Централно-Азискиот регион и на секој начин ќе се стреми да ги заштити своите интереси во енергетската сфера. Притоа, Кина ги има сите инфраструктурни можности за успешна реализацијана својот проект „Економски појас на Патот на свилата“, пишува The Foreign Policy.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче