Нискобуџетната авиокомпанија Red Wings до 20 декември ќе добие три регионални авиони Sukhoi Superjet 100, кои претходно беа користени од веќе непостоечката „Московија“, изјави генералниот директор на Red Wings, Евгениј Кључарев во интервју за РИА „Новости“.
„Започнавме содржински разговори и добивме предлог да започнеме соработка во вид на изнајмување. Не за откуп или лизинг, туку за изнајмување. Ова е доста добра шанса за нас да пробаме авион кој е веќе комерцијално активен“, изјави Кључарев.
Нискобуџетната авиокомпанија Red Wings планира во иднина својот авипарк да го пополнува само со авионите Sukhoi Superjet 100. Тие лесно може да се искористат за отворање нови маршрути, подвлече Кључарев.
Повеќе околу темата:
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче