Русија ќе воведе данок за производите од Украина после имплементацијата на договорот со ЕУ

Владата на Русија ќе воведе данок на продуктите од Украина 10 дена после имплементацијата на нејзиниот договор со ЕУ, се соопштува на интернет-страницата на кабинетот на министрите.

Владата на Русија ќе воведе данок на продуктите од Украина 10 дена после имплементацијата на нејзиниот договор со ЕУ, се соопштува на интернет-страницата на кабинетот на министрите.

Претходно премиерот на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека потпишал указ за воведување даноци за стоките од Украина. Тој забележа дека тој указ ќе стапи на сила ако Украина започне да ги применува економските членови од договорот за интеграција со ЕУ порано од установениот рок (1 јануари 2016 година).

Даноците ќе бидат воведени согласно царинскиот тарифник на Царинската унија.

Давачките треба да ги опфатат месните производи, млечните производи, свињите, јајцата, овошјето, пченицата, пченката, ѓубривата, производите од пластика, белата техника и многу други производи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња