Русија навремено ги извршува своите обврски за испорака на нуклеарно гориво во Украина, изјави генералниот директор на државната корпорација Росатом, Сергеј Киринеко, а пренесува РИА „Новости“.
„Како и претходно, украинските нуклеарни станици добиваат испораки на руско нуклеарно гориво. Сите обврски се извршуваат без задршки и во целосен обем. Безбедноста и функционирањето на нуклеарните објекти се приоритет за Русија“, изјави Кириенко.
Претходно беше соопштено дека Украина е намерена да ги диверзифицира испораките на нуклеарно гориво за своите нуклеарни станици, возобновувајќи го договорот со американската компанија Westinghouse.
Пред неколку години на чешката нуклеарна станица „Темелин“ се случи дехерметизација на топлотните елементи со производство од Westinghouse. После тој инцидент Чешка се откажа од услугите на овој испорачувач.
Повеќе околу темата:
Нов Чернобил за инает на Русија
Рогозин го предупредува Киев да не користи нуклеарно гориво од САД во своите централи
Каде се произведува нуклеарното гориво во Русија?
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче