Властите на Украина предлагаат да се одржат локални избори на 9 ноември, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Павел Климкин за време на конференцијата за печатот во претставништвото на ООН, а пренесува ИТАР-ТАСС. „Клучниот момент за идната децентрализација, секако, се локалните избори кои предлагаме да се одржат на 9 ноември“, изјави тој.
Притоа, Климкин подвлече дека Киев е против учество на кандидати од Донецката и Луганската област на изборите за локалните органи кои поседуваат руско државјанство.
Според зборовите на министерот, украинските власти „се подготвени да им дадат на жителите на Донецк и Луганск повеќе слобода, но исто така и повеќе одговорност на економски план“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче