Воено-индустриските претпријатија од Германија не ја исклучуваат можноста поради политиката на Берлин да ја напуштат земјата и своите седишта да ги префрлат во странство, вклучувајќи ја и Русија како една од можните земји каде би можеле да продолжат со оперирањето, пренесува „Süddeutsche Zeitung“.
„Сите големи претпријатија од воената индустрија се сомневаат дека во долгорочна перспектива ќе останат во Германија. Ако мојата земја од мене не купува техника и ми забранува да ја извезувам, тогаш тоа долго не можам да го трпам“ изјави Армин Папергер, шеф на Унијата на воено-индустриски претпријатија.
„Договорот со Русија требаше да ни донесе 135 милиони евра“, истакна Папергер, кој следната недела планира со министерот да го разгледа прашањето за компензирање на загубите.
Претходно беше соопштено дека министерот за економија и енергетика на Германија, Зигмар Габриел, забранил извоз на техника за еден од центрите за воени вежби во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче