Украина сака да забрани пет серии за руските специјални единици

Националниот совет за радиодифузија на Украина ќе ѝ препорача на комисијата во Државната агенција за кинематографија да забрани неколку руски серии, изјави Александар Илјашенко, член на Националниот совет.

„Ние не можеме нешто да забраниме, но можеме да препорачаме да се забрани. Во моментов го разгледуваме тоа прашање. Засега имаме околу 5-6 неприфатливи, според нас, серии. Ќе ѝ препорачаме на комисијата истите да бидат тргнати од екраните“, изјави Илјашенко, а пренесува РИА „Новости“.

Под забрана можат да се најдат руските серии во кои се прикажани руските војници и специјални единици.

Исто така, под санкции ќе потпаднат и филмовите каде Украинците се претставени како негативци и делата на оние автори или актери кои ја поддржале „агресијата против Украина“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња