Западот, со чија поддршка во Украина се случи државниот преврат, не посветува внимание на неонацистичките тенденции кај киевските власти, ниту ги зема предвид нивните недопустливи изјави, смета министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Тие (киевските власти) имаат дозвола да прават сѐ што сакаат. Ние не слушаме никакви реакции за изјавите во однос на националното прашање, за Русија, за малцинствата и неонацистичките тенденции“, изјави Лавров во саботата во интервју за телевизискиот канал „ТВ Центар“.
Лавров изјави дека не слушнал досега дека колегите од Африка, Азија и Латинска Америка се согласуваат со позициите на Западот. „Едно е на јавните форуми – во ООН и сличните места – но вон нив никој не го искажува своето несогласување со апсолутните предрасуди и позиција која ја зазема Западот“, изјави Лавров.
Според неговите зборови, на Москва ѝ е јасно дека „во секоја земја, без исклучок – се праќаат емисари од САД и Европа кои им носат на раководствата на земјите соодветни барања, моба да не ја поддржуваат Русија, да се приклучат на санкциите против Западот и да не преземаат чекори кои ќе ги развиваат односите со Руската Федерација“. „За мене тоа е ситуација без преседан“, додаде Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче