Лавров: Русија е уверена дека отуѓувањето со ЕУ е неминовно

Русија е уверена дека отуѓувањето со Европската унија ќе се случи, и затоа е заинтересирана за зацврстување на билатералната стратешка соработка, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Уверен сум дека тоа ќе се случи. Во ЕУ веќе се појавуваат гласови на здравиот разум. Ние не сметаме дека тоа отуѓување ќе биде стратешко“, изјави Лавров во интервју за телевизискиот канал „ТВ Центар“.

Според зборовите на министерот, западните колеги, како и порано, доаѓаат и ги повикуваат претставниците на Русија кај себе. Некои планирани контакти се презакажани, но според зборовите на министерот, „никој досега не изјавил за принудно откажување на одредена средба“.

Лавров забележа дека Русија е заинтересирана стратешкото партнерство со Европската унија да се зацврсти и развива. „Ако го земеме потенцијалот на Русија и Европа, од посилните позиции меѓу нив ќе добие целиот светски пазар“, подвлече тој. Русија е подготвена да го реализира тој курс. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.