Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко не разговараат за Крим за време на меѓусебните контакти, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.
„За Крим не станува збор. Ве уверувам дека за време на телефонските разговори и контакти тоа прашање не се разгледува“, изјави министерот во програмата „Право да се знае“ за телевизискиот канал „ТВ Центар“.
Лавров подвлече дека за време на дијалогот на двајцата лидери се разговара за можноста на Русија да ѝ помогне на Украина да го регулира уставниот процес.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче