Под новиот пакет санкции на Европската унија ќе се најдат 24 физички лица, вклучувајќи ги и лидерите на Донбас, членови на владата на Крим, руски раководители и претприемачи. Ова е објавено во официјален документ на ЕУ.
„Во списокот на оние против кои ќе бидат воведени санкции и чии активи ќе бидат замрзнати се додадени 24 лица. Тоа се лица кои се вклучени во дејствата против територијалната целосност на Украина, вклучувајќи ги и новите раководители на ДНР, членовите на владата на Крим, како и руски раководители и бизнисмени“, се кажува во соопштението.
Според ова, вкупниот број лица кои се најдоа под санкциите на ЕУ се зголеми на 119.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.