Продажбата на нови автомобили од јануари до август во Русија паднала за 12,1%, до 217092 автомобили во споредба со истиот период во 2013 година, пренесено е на интернет-страницата на Асоцијацијата на европскиот бизнис (АЕБ). Од почетокот на годинава во Русија се продадени 1.582.713 автомобили.
Во август продажбата е намалена за 25,8% во споредба со истиот месец минатата година.
Најмногу автомобили продала Лада (247.000), а на второ место се најде Киа со 123.000 автомобили. На третото место е Хјундаи со 117.500 продадени автомобили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче