Русија ќе ја дополни воената доктрина поради НАТО и Украина

Русија до крајот на декември 2014 година ќе ја дополни воената доктрина поради појавата на нови опасности. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Михаил Попов, заменик на секретарот во Советот за безбедност на Русија.

„Внесувањето измени во воената доктрина ќе го извршиме во текот на оваа година“, изјави Попов.

Според неговите зборови, дополнувањето на доктрината е условено од надворешнополитичките фактори: проширувањето на НАТО, проблемот со противракетната одбрана, како и ситуацијата во Украина.

Последните промени во воената доктрина на Русија се направени во 2010 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња