Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев за време на состанокот посветен на основните параметри и прогнози за социјално-економскиот развој на Русија за 2015 година изјави дека буџетот за следната година треба да биде максимално реалистичен и да ги земе предвид санкциите, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
Според неговите зборови, приоритетните правци на буџетот не се менуваат. Социјалните обврски ќе бидат во целост исполнети, исто како и сите нарачки во одбранбената сфера.
„Нашата цел се состои во тоа да подготвиме што е можно пореален буџет, во кој ќе бидат земени предвид сите услови на кои сега сме сведоци ние и нашата економија. Станува збор за санкциите кои се воведени против Русија, ограничениот пристап кон пазарите на капитал, новите технологии и цела низа компании со кои не можеме повеќе да соработуваме“, додаде премиерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче