Русија ќе ја продолжи работата на МВС и после 2020 година

Русија би можела да ја продолжи работата на Меѓународната вселенска станица и после 2020 година, и покрај низата изјави кои се слушнаа деновиве околу повлекување на Русија од меѓународниот проект.

Русија би можела да ја продолжи работата на Меѓународната вселенска станица и после 2020 година, и покрај низата изјави кои се слушнаа деновиве околу повлекување на Русија од меѓународниот проект.

Извор во Роскосмос изјави дека прашањето за учество на Русија во работата на МВС после 2020 година останува отворено, но 90% е сигурно дека раководството на државата ќе се согласи и понатаму да се учествува во проектот.

Освен тоа, претпријатијата од ракетно-космичката гранка продолжуваат да создаваат нови модули за МВС, а се продолжува и нивното финансирање од страна на државниот буџет. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња