Москва: Западните медиуми и политичари „како по наредба“ молчат за истрагата околу Боингот

Руската страна бара максимално отворена истрага за катастрофата на малезискиот Боинг и инсистира на објавување на регуларните извештаи во склад со резолуцијата на Советот за безбедност при ООН, изјави дипломатски извор во Москва.

„Истрагата за причините за катастрофата треба да се одвива под меѓународна контрола и да биде сеопфатна и максимално транспарентна за јавноста и медиумите. Ќе продолжиме да инсистираме на тоа и конкретно да бараме почитување на резолуцијата 2166 на СБ при ООН, која предвидува секој месец да се доставуваат извештаи за текот на истрагата“, соопшти тој, а пренесува РИА „Новости“.

Изворот нагласи дека повеќето западни медиуми „како по наредба“ молчат веќе две недели во врска со истрагата.

„Упорно молчат и официјалните претставници на САД, кои во првите часови после трагедијата побрзаа да ја префрлат одговорноста врз Русија и донецките доброволци. Истата линија ја држат и американските сојузници, особено Британците и Австралијците. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.