Јацењук изјави дека Украина нема потреба од хуманитарна помош од Русија

Премиерот на Украина, Арсениј Јацењук изјави дека неговата држава нема потреба од хуманитарната помош од Русија, пренесува ИТАР-ТАСС.

Премиерот на Украина, Арсениј Јацењук изјави дека неговата држава нема потреба од хуманитарната помош од Русија, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Ние имаме сопствена хуманитарна помош. Владата издели 10 милиони за неа. Нема потреба Русија да ни дава помош“, изјави Јацењук.

Според неговите зборови, камионите од рускиот конвој со хуманитарна помош патуваат полупразни.

„Ние прегледавме целосно 34 камиони 'Камаз'. Во еден најдоа 800 кг чај, а треба да се има предвид дека секој камион може да превезе повеќе од 20 тони. Сите останати камиони беа натоварени со максимум 8 тони“, подвлече Јацењук.

Утрото на 22 август минимум 60 камиони со хуманитарна помош од Русија за југоистокот на Украина ја преминаа границата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња