Лавров: конфликтот во Нагорно-Карабах нема да ја спречи Ерменија да се приклучи на Царинската унија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека конфликтот во Нагорно-Карабах нема да биде пречка за Ерменија да се приклучи кон Царинската унија, пренесува ИТАР-ТАСС.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека конфликтот во Нагорно-Карабах нема да биде пречка за Ерменија да се приклучи кон Царинската унија, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Конфликтот во Нагорно-Карабах нема да пречи Ерменија да се приклучи кон Царинската унија“, изјави Лавров.

Според неговите зборови, претседателот на Азербејџан, Иљхам Алиев и претседателот на Ерменија, Серж Саргсјан ја потврдија желбата за мирно разрешување на конфликтот и покрај тоа што најтешките прашања сѐ уште не се решени.

Претходно беше соопштено дека лидерите на Азербејџан и Ерменија се договориле да го разрешат проблемот во Нагорно-Карабах за време на средбата во Сочи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња