Бразилските произведувачи изразија подготвеност да ги заменат производите од САД на рускиот пазар

Бразилските фарми за кокошки можат да ја задоволат побарувачката за пилешко месо која на рускиот пазар се појави после одлуката на Русија да го ограничи увозот на некои производи.

Бразилските фарми за кокошки можат да ја задоволат побарувачката за пилешко месо која на рускиот пазар се појави после одлуката на Русија да го ограничи увозот на некои производи од низа земји во времетраење од година дена, изјави претседателот на Бразилската асоцијација на произведувачи на пилешко месо, Франциско Тура, а пренесува ИТАР-ТАСС:

Според неговите зборови, расположливите капацитети на бразилските произведувачи дозволуваат додатна испорака на 150 илјади тони пилешко во Русија, што во целост ја покрива квотата од САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња