Ројтерс: санкциите не ги променија перспективите за раст на Русија

Перспективите за економски раст на Русија во 2014 година значително не се променети, и покрај сите случувања во текот на месецот кој замина, вклучувајќи ги и новите санкции на ЕУ и САД после падот на малезискиот Боинг, како и засилувањето на монетарната политика на Централната банка на Русија, следува од резултатите на месечната макроекономска анкета на „Ројтерс“.

Сепак, економистите попесимистично гледаат на динамиката на рубљата, инвестициите и возможниот одлив на капитал од Русија во 2014 година. Само 3 од 15 анкетирани економисти од „Ројтерс“ мислат дека каматната стапка во Русија ќе се намали, додека некои сметаат дека следува дури зголемување на каматната стапка за кредитите.

Очекувањата за инфлацијата во Русија кон крајот на годината остануваат без измени во споредба со резултатите од јунската анкета, односно се движат од 6,5%.

Одвојувањето од западните пазари на капиталот за руските државни банки (поради санкциите на САД и ЕУ) може да доведе до раст на побарувачката за финансирање на внатрешниот пазар. Руските чиновници веруваат во имунитетот на економијата на Русија од санкциите на Западот, онакви какви што се денес, иако, заменикот министер за економија на Русија, Алексеј Уљукаев призна дека санкциите го намалиле оптимизмот во неговиот ресор. Официјалната оценка на Министерството за економски развој годинава е раст од 0,5% во споредба со 1,3% во 2013. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња