Путин повика да се извлечат поуки од Првата светска војна

Претседателот на Русија, Владимир Путин ги поздрави учесниците и гостите на меѓународниот научен форум „Големата војна. Часови по историја“ и повика да извлечат поуки од историјата и Првата светска војна заради развој на заедничка европска хуманитарна соработка, соопшти прес-службата на Кремљ.

Меѓународниот научен форум „Големата војна. Часови по историја“ е посветен на историскиот датум – стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

„Сеќавањето на таа трагедија треба да ни помогне да ги извлечеме правилниот поуки од минатото. Потребно е да се даде објективна оценка за случувањата од тоа време, да не се допушти фалсификација и пристрасност во нивното проучување. Сигурен сум дека работата на овој форум ќе помогне да се реши таа задача, да се развие заедничка европска хуманитарна соработка“, изјави рускиот претседател. Исто така, кажано е дека Русија секогаш ќе го почитува подвигот на војниците и офицерите кои ја бранеа татковината. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња