Петмина ранети украински војници, кои беа лекувани во Русија, се предадени на украинската страна на аеродромот во Ростов на Дон, од каде со авион Ан-26 полетаа кон украинскиот град Николаев.
„Руската страна создаде транзитен коридор за украинскиот авион. Петмината војници, кои беа лекувани во болниците во Ростовската област, се префрлени на аеродромот со тим лекари и се качија во авионот“, изјави за ИТАР-ТАСС претставникот на пограничната служба на ФСБ на РФ.
Четворица војници се во тешка, но стабилна состојба. Лекарите изјавија дека петтиот војник има полесни повреди.
Ова е втор авион кој превезува украински ранети војници од аеродромот во Ростов на Дон. Првион однесе 18 лица кои се лекуваа во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.