Русија е на трето место во светот по должина на пруги. Затоа не зачудува што поголемиот дел Руси го доживуваат железничкиот сообраќај како нешто што се подразбира, дури и онаму каде што нема ништо друго. Меѓутоа во Русија постојат огромни територии кои во целина не се опфатени со железнички транспорт.
Реката Кизил-Шин, Алтајски крај
Legion MediaПланинскиот Алтај е една од најпопуларните туристички дестинации во Русија. Патниците ги привлекуваат планините, езерата и шумите. Тука може да се дојде или со авион преку единствениот аеродром во Горно-Алтајкс или со кола. Поголемиот дел од републиката е составен од природни резервати со непристапен планински релјеф и со брзаци. А, има релативно малку жители, вкупно 210.000. Најблиската железничка станица е во Бијск, во Алтајскиот крај, кој е посебен регион во однос на Република Алтај.
За волја на вистината, планирано беше да се поврзат Бијск и Горно-Алтајск со железница уште на почетокот на 20 век. Тоа се само 120 километри пруга, што според стандардите за Сибир не е голема оддалеченост. Но, најпрво планот бил прекинат од Првата светска војна, потоа од граѓанската војна, а потоа проектот е целосно одложен за подобри времиња. Железничката линија е одобрена дури во осумдесеттите години од минатиот век, но изградбата ја спречи распадот на Советскиот Сојуз. Денес повторно е основана работна група за овој проект, со тоа што изградбата не е започната.
Планинскиот гребен Источног Сајана, Република Тува.
zhaubasar/Getty ImagesТува е исто така мала руска република на југот на Сибир. Во неа живеат околу 340.000 жители, од кои една третина живеe во главниот град Кизил. Тува има аеродром и патишта, а плановите за железница се појавија дури во текот на првата деценија од веков. Причина за тоа се непристапните планински терени и тајгата, поради што трошоците за изградба се прилично високи. Планирано е да се изгради железничка пруга од станицата Курагино (јужно од Краснојарскиот крај, крак на Јужносибирската железница) до Кизил. Ваквата линија би ги поврзала двата региона и би придонела за развој и експлоатација на наоѓалиштата на јаглен во Тува, како и за отворање на илјада работни места. Проектот засега е одложен до 2026 година.
Ненецки автономен округ
Сергеј Карпухин/TASSПоголемиот дел од овој регион на Русија се наоѓа над Поларниот круг. Половина од жителите, околу 23.000, живеат во градот Нарјан-Мар, додека останатите се во помалите населени места. Природата тука е неверојатно убава. Брегот го заплискуваат неколку мориња од Северниот леден океан, има бескрајна тундра и бескрајни брда. И секако, големи резерви на нафта и на гас. Поради сложената структура на географскиот терен Ненецкиот автономен округ до неодамна беше поврзан со „копното“ само со воздушен сообраќај, а за време на кусата летна сезона и со речен. Дури и автопатите се слабо развиени. Тоа е единствениот регион од европскиот дел на Русија којшто нема железница. Најблиската железничка станица е во градот Усинск во Република Коми, 350 километри од Нарјан-Мар.
Населено место Провиденија, Чукотка.
Валериј Кадников/Getty ImagesНа Чукотка може да се стаса само со авион. Тука живеат 50.000 жители и постојат дури 11 аеродроми. Главниот меѓуградски транспорт се одвива со хеликоптери или со мали авиони. Асфалтирани патишта постојат само околу населените места, но од едно населено место до друго може да се дојде по воздушен или по зимски пат кој е прооден кога има снег. Причината за ваквата состојба лежи во непристапноста на теренот, како и ниската рентабилност на овој крај.
Колимскиот автопат ги поврзува Магадан и Јакутск.
Pro-syanov/Getty ImagesМагаданската област се наоѓа јужно од Чукотка и исто така е отсечена од „големото копно“. На огромната територија живеат само 135.000 луѓе, од кои 90.000 во главниот град Магадан. Изградбата на железница е сосема неисплатлива. Магаданската област излегува на Охотско море и сѐ што е потребно се испорачува по воден пат.
Меѓутоа, тука кон средината на 20 век постоела железница. Тоа биле пруги со тесен колосек за транспорт на дрвена граѓа и јаглен, но сето тоа е демонтирано до крајот на педесеттите години од минатиот век.
Проект за изградба на современа железничка пруга преку Магадан постои и би требало тоа да биде еден крак од Бајкалко-Амурската железница. Но, засега сето тоа е во некоја далечна перспектива.
Полуострвот Камчатка, Виључински вулкан.
Олга Гаврилова/Getty ImagesПолуостровот Камчатка е оддалечен регион на рускиот Далечен Исток до кој може да се дојде само со авион и со брод. Меѓутоа, во седумдесеттите години од минатиот век се појавил грандиозен проект на Ленско-Камчатска железничка пруга во должина од 5.000 километри. Таа требало да ги поврзе станицата Уст-Кут во Иркутската област и главниот град на Камчатка, Петропавловск-Камчатски. Во текот на првата деценија од овој век проектот започна повторно да се разгледува.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче