„Воз-хотел“: „Руски железници“ воведуваат два ноќни воза на линијата Москва-Москва

Валериј Шарифулин/TASS

„Руски железници“ од први ноември воведуваат два ноќни воза на линијата Москва - Москва. Возовите ќе сообраќаат секој ден.

Првиот ќе поаѓа во 18:40 часот од Павелецката железничка станица и ќе пристигнува на Киевската следниот ден во 7:55 часот наутро. Во спротивен правец поаѓањето е во 20:33 часот, а пристигнувањето во 9:41 часот. Во текот на 13 часа возење, возовите ќе прават круг преку Домодедово, Калуга, Алексин, Тула, Новомосковск и Ожерелје.

Од Федералната патничка компанија, „ќерка“ на „Руски железници“, пуштањето во сообраќај во пресрет на прославата на 500-годишнината од Тулскиот кремљ на два воза кои ќе ја поврзуваат Москва со Тула и низа соседни градови во Московската, Калушката и Тулската област, го објаснија со потребата од развој на меѓурегионалниот превоз.

Цената на билетот за целата рута во вагон без купе ќе изнесува 654 рубли, во вагон со седишта 738 рубли, во вагон со купеа 1372, а во вагон за спиење 2440 рубли.

Возот ќе вклучува два вагони со седишта (120 места), два без купеа (108 места), два со купеа (46 седишта) и еден вагон за спиење (18 места).

Изгледа дека возот ќе може да послужи и како евтина алтернатива на хотел, пишуваат корисниците на социјалните мрежи кои во коментарите ја нарекуваат линијата и како „најчудната рута“.

Новата линија ќе им овозможи на жителите на јужните делови на Подмосковје да стигнат до Тула и Калуга, а на жителите на соседните региони да дојдат до аеродромот Домодедово, соопштија „Руски железници“.

Прочитајте повеќе: Како изгледа најскапиот воз во Русија (ФОТО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња