Повеќе од 1,5 милиони жители на Крим добија руски пасоши

Досега повеќе од 1,5 милиони жители на Крим и Севастопољ добија руски пасоши, изјави вицепремиерот на Русија, Олга Голодец, а пренесува „Интерфакс“.

Досега повеќе од 1,5 милиони жители на Крим и Севастопољ добија руски пасоши, изјави вицепремиерот на Русија, Олга Голодец, а пренесува „Интерфакс“.

„Денес можеме да кажеме дека 1,5 милиони лица добија пасош“, појасни таа, додавајќи дека жителите на Крим добиваат со секој пасош и пензиски број, како и полиса за медицинско осигурување.

Меѓутоа, според податоците на Голодец, повеќе од 26.000 бегалци од Украина во моментов поминуваат низ забрзан процес на добивање руско државјанство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.