Советскиот сателит „Космос-1151“, кој беше лансиран во орбитата во 1980 година и повеќе не е во употреба, ќе падне на Земјата некаде околу 4 август, изјави претставник на силите на Воздушно-вселенската одбрана на Русија, Алексеј Золотухин.
Експертите непрестајно ги следат промените на параметрите на орбитата на сателитот “Космос-1151“.
Меѓутоа, според мислењето на Золотухин, датумот и местото на падот на деловите на „Космос-1151“ се подложни на промена поради влијанието на надворешните фактори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче