Руските затвореници ќе го градат мостот на Крим

Заменикот директор на Федералната служба за извршување на казни и раководител на економската управа во истата служба, Олег Коршунов, изјави дека се планира вклучување на затворениците во изградбата на мостот преку Керченскиот мореуз, пренесува „Комерсант“.

„Потребни се големи ресурси за изградба на мостот преку Керченскиот мореуз – треба да се прави бетон, да се врши обработка на метал... Ние можеме да помогнеме и сметаме дека ќе има големи нарачки, па за тоа сме подготвени да ги вклучиме и затворениците од југот на Русија во изградбата на мостот“, изјави Коршунов.

Исто така, тој додаде дека со тоа затворениците ќе добијат шанса да заработат финансиски средства.

Претходно беше објавено дека во изградбата на мостот преку Керченскиот мореуз може да учествуваат невработените на Крим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња