Еврокомесарот за енергетика, Гинтер Етингер, за време на заседанието во Брисел изјави дека испораките на нафта и гас во Европа не треба да бидат мета на санкции, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Секогаш сум против било какви санкции во секторите кои се занимаваат со производство и испорака на гас и нафта“, изјави Етингер. Еврокомесарот подвлече дека Русија зависи од западните технологии за производство на нафта во крајбрежните реони. Тој забележа дека воведувањето санкции ќе ја попречи испораката на ваквите технологии во Русија.
Етингер смета дека „во текот на следните неколку недели“ ќе се реши проблемот околу гасот меѓу Украина и Русија. Тој не кажа кога точно ќе бидат возобновени трилатералните преговори во формат ЕУ-Русија-Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче