Шефот на Федералната служба за миграција, Константин Ромодановски, изјави дека околу половина милион граѓани на Украина би можеле да се обратат до ФМС и да побараат статус на бегалец, или привремено засолниште во Русија, пренесува „Интерфакс“.
„Враќајќи се кон цифрата од 490.000 лица, разбираме дека тоа се потенцијални баратели на соодветен статус. Ако се случи тоа, ние сме реалисти и разбираме дека треба да реагираме“, изјави Ромодановски.
Шефот на ФМС потврди дека речиси 500.000 граѓани на Украина останале во Русија после почетокот на конфликтот, а околу 130.000 од нив веќе побарале регулирање на нивниот статус во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче