БРИКС земјите ќе основаат Нова развојна банка

Претседателите на БРИКС земјите (Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР) за време на самитот во Бразил, кој е планирано да се одржи од 14 до 16 јули, ќе потпишат договор за создавање Нова развојна банка со капитал до 100 милијарди долари, изјави рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.

„Банката е отворена за нови учесници меѓу членовите на ООН, а договорот предвидува дека уделот на БРИКС во капиталот на банката нема да се намали под 55%“, изјави Силуанов.

Исто така, тој изјави дека следува решавање на прашањата за седиштето, како и тоа кој ќе биде претседател на банката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња