Total: Европа не може и не треба да живее без руски гас

Европа треба да престане да мисли за намалувањето на својата зависност од рускиот гас, и наместо тоа, да се сосредоточи на тоа како да ги направи испораките на гас од Русија побезбедни, макар и заобиколувајќи ја Украина, изјави шефот на нафтената компанија Total, Кристоф де Маржери за Ројтерс.

Според мислењето на де Маржери, Европа може да доживее криза поради снабдувањето со гас оваа зима. „Ќе се судриме со проблеми уште зимава ако испораките се намалат“, подвлече тој.

Тој додаде дека постојат неколку варијанти како да се избегне овој проблем, а некои од нив веќе се предложени од самата Русија. Како пример тој го дава гасоводот Nord Stream, изграден во 2011 година по дното на Балтичкото море до Германија, заобиколувајќи ја Украина.

„Можеме ли да живееме без рускиот гас во Европа? Одговорот е – не. Има ли причини да живееме без него? Мислам дека исто така нема. И не се работи за тоа дали јас ги штитам интересите на Total во Русија. Едноставно одговорот е ‘не’“, заклучи де Маржери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња