Рускиот финансиски систем нема да настрада силно во случај да ескалира кризата во Украина, бидејќи обемот на вложувањата на руските банки во економијата на Украина е незначителен, се кажува во извештајот на финансиската стабилност, објавен од Банката на Русија.
„Можните директни последици за рускиот финансиски систем во случај на ескалација на кризата во Украина се ограничени: вложувањата на руските банки во Украина не преминуваат 1% од активите“, се забележува во извештајот.
Централната Банка на Русија признава дека ситуацијата во украинската економија е тешка. Производството паѓа, а државниот долг расте, што, пак, е спроведено со притисоци врз нефинансиските организации, влошување на квалитетот на активите и намалување на ликвидноста на банките.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче