Украински „Нефтогас“ не префрли 838 милиони долари за испорака на рускиот гас во првите две недели на јуни. Вкупната задолженост на „Нефтогас“ достигна околу 5,3 милијарди долари, пренесува РИА „Новости“. Ова го изјави шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер.
„Рокот за исплата за јуни вчера заврши, а средства од „Нефтогас“ повторно не добивме“, изјави тој, додавајќи дека досега неплатени се 11,535 милијарди кубни метри руски гас.
Шефот на „Гаспром“ смета дека неплаќањето на долгот од Украина станува „хронично“.
Претходно беше објавено дека шефот на „Нефтогас“ ги повикува жителите на Украина да штедат зимоска гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче