Москва се надева дека во текот на посетата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Бугарија, ќе дојде до напредок околу прашањето за бугарскиот дел од гасоводот „Јужен тек“, соопшти во саботата руското МНР.
Работната посета на Лавров, на покана од бугарскиот министер за надворешни работи, ќе се одржи на 7 и 8 јули. Посетата се поклопува со 135-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.
Препреките за реализација на проектот „Јужен тек“ се појавија на почетокот на јуни, кога бугарскиот премиер Пламен Орешарски, после состанокот со американските сенатори, побара прекин на работата врз гасоводот поради консултации со Европската комисија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче