За време на гранатирањето на граничниот премин Должански од правецот на Украина, неколку проектили експлодирале на територијата на рускиот граничен премин Новошахтинск. Оштетени се поединечни објекти. Ова го изјави Василиј Малаев, началник на информативната служба на пограничната управа на Федералната служба за безбедност за Ростовската област, а пренесува ИТАР-ТАСС.
„Проектилите паднаа на територијата на Русија. Оштетена е инфраструктурата на местото на настанот. Инцидентот се случи во 5:30 по московско време. Жртви и повредени нема“, изјави Малаев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче