Режисерот Никита Михалков изјави дека ќе стапи во дијалог со руските власти околу примената на законот за забрана на ненормативна лексика во филмовите, пренесува „Интерфакс“.
„Пцуењето е еден од најголемите изуми на рускиот народ. Има одвратно пцуење, особено кога се употребува на улица или во јавен транспорт, но има и пцуење кое служи како средство за изразување на состојбата на човекот - болка, војна, напад, смрт, и тоа е оправдано од тековната ситуација. Сметам дека тоа се нешта кои треба да бидат дозволени во зависност од ситуацијата“, изјави тој.
Согласно законот, кој стапува на сила на 1 јули во Русија, сите филмови кои содржат ненормативна лексика треба да бидат повторно снимени без користење пцовки пред да излезат во јавноста.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.