„Гаспром“ е подготвен да премине на јуани и рубљи во трговијата со Кина и воопшто не гледа во тоа ризик, изјави началникот на финансиско-економскиот оддел на компанијата, Андреј Круглов, пренесува РИА „Новости“.
„Што се однесува до преминувањето на јуани и рубљи – во принцип, ние сме подготвени за тоа и сметаме дека тоа е нормално. Никакви ризици за компанијата тоа не носи, освен малите трансакциски давачки“, изјави Круглов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.