Затворениците кои го отслужуваат својот затворски рок на територијата на Русија ќе шијат шапки за полицајците, а во иднина ќе склопуваат и полициски автомобили, пренесува РИА „Новости“.
„Во првата етапа затворениците треба да шијат шапки за полицијата, а понатаму се предвидува склучување државни договори за производство на други видови производи потребни за министерствата“, изјавено е во прес-бирото на МВР на Русија.
Претходно беше објавено дека е донесено решение за создавање на трговски центар во кој ќе се продаваат производи произведени во затворите во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.