Индиските власти се подготвени за преговори со Москва за спроведување на гасовод до нејзината територија, пренесува РИА „Новости“. Тоа се планира преку создавање нова делница од планираниот гасовод меѓу Русија и Кина.
Доколку овој проект се реализира, тоа ќе биде еден од најдолгите гасоводи на светот, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на “Financial Express”.
Владата на новиот премиер на Индија, Нерендре Моди е ориентирана кон зголемување на бројот на извори на гас и нафта за да се задоволат сѐ поголемите потреби за енергенси во земјата. Поради тоа, индиската делегација планира на следниот самит на БРИКС да се изнесе околу прашањето за продолжување на новиот гасовод.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче