Руска партија предлага да се отповика амбасадорот на Русија од Украина

„Праведна Русија“ предлага да се отповика амбасадорот на Русија во Украина после нападот на руската амбасада во Киев. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на првиот заменик раководител на фракцијата, Михаил Емелјанов.

„Изненадува тоа што после нападот на наци-групите во Киев, нашиот амбасадор уште е во Киев“, изјави Емелјанов.

Тој смета дека дошло време Русија да дејствува поодлучно.

„Ние ќе го поставиме ова прашање на сите нивоа, вклучувајќи ја и Државната дума“, додаде Михаил Емелјанов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња