Преговорите за гасот во Киев без резултат

Уште една рунда преговори меѓу Русија, Украина и ЕУ околу гасот кој го добива Украина заврши без резултат. Делегациите беа предводени од шефот на Гаспром, Алексеј Милер, в.д. министерот за енергетика и рударство на Украина, Јуриј Продан и комесарот на ЕУ за енергетика, Гинтер Етингер.

Нов датум за преговори не е назначен, изјави официјалниот претставник на Гаспром, Сергеј Купријанов. Претходно беше планирано преговорите да продолжат во недела.

Доколку до 10:00 часот по московско време во понеделник не бидат уплатени 1,95 милијарди долари, колку што изнесува долгот на Нефтогас, ќе следи прекин на испораката на гас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.