Украина има намера да ја затвори границата со Русија на истокот, изјави советникот на в.д. министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, а пренесува РИА „Новости“.
„Границата веднаш ќе ја затвориме. Во моментов се утврдуваат сите неопходни средства и методи за тоа“, истакна тој.
Според неговите зборови, целта е „физички да се спречи влегување од Русија во Украина на мажите кои се способни за учество во воените судири.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.