Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со премиерот на Италија, Матеј Ренци, размени мислење за ситуацијата во Украина. Владимир Путин изразил сочувство за смртта на италијанскиот новинар во Украина и неговиот преведувач, државјанин на Руската Федерација, соопшти прес-службата на Кремљ.
Рускиот лидер, исто така, повика на завршување на започнатата казнена операција на југоистокот на Украина и почеток на дијалог во земјата.
Во соопштението, исто така, се наведува дека Путин и Ренци високо го оценуваат нивото и перспективите на руско-италијанската соработка. Освен тоа, политичарите разговарале и за специфичните прашања за соработката во разни области, посебно во сферата на енергетиката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.