Експерт: Пропадна обидот САД да ја бојкотираат Русија на ПМЕФ

Обидите на американската администрација да ги одвратат деловните кругови од учество на Санктпетербуршкиот економски форум, а со тоа и да ја изолираат Русија поради нејзината политика кон Украина се безуспешни, изјави поранешниот помошник за економска политика на американскиот министер за финансии во администрацијата на Роналд Реган, Пол Крејг Робертс.

Постојат два важни аспекта на Форумот. Првиот е големиот број учесници, кои и покрај притисокот на Вашингтон и Европа, не го откажаа присуството на Форумот. На манифестацијата пристигнаа делегации од 62 земји и високи раководители на 146 големи западни компании, изјави Робертс за агенцијата РИА „Новости“.

Друго важно случување на Форумот, според него, е настапот на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Путин ги критикуваше Европејците, кои како вашингтонски вазали ја поддржуваат американската пропаганда и мешањето во виталните руски интереси, нагласи соговорникот за агенцијата.

Според неговото мислење, рускиот претседател со дипломатски јазик стави до  знаење на американските и европските деловни кругови дека игнорирањето на руските интереси ќе доведе до проблеми.

Белата куќа повеќепати пред почетокот на манифестацијата призна дека им препорачала на американските бизнисмени да не одат во Санкт Петербург. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња